Македонија

96 санкционирани возачи во Скопје

28.04.2022 10:20

На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопштуваат од МВР...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.04.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.


На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопштуваат од МВР.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.