Македонија
2 мај неработен за сите граѓани
28.04.2022 10:33
1 Мај 2022 година (недела), Денот на трудот, односно 2 Мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2022 година (недела), Денот на трудот, односно 2 Мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита Денот на трудот, велат од МТСП.
