ММФ за годинава предвидува раст на македонската економија од 3,2%
Македонската економија ќе има раст на бруто домашниот производ од 3,2 насто, што е за 0,2 повеќе проценти од претходната анализа на ММФ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со нова економска прогноза за годинава.
Македонската економија ќе има раст на бруто домашниот производ од 3,2 насто, што е за 0,2 повеќе проценти од претходната анализа на ММФ.
Оваа прогноза се совпаѓа со владината во која исто така се наведува раст од 3,2 насто. Наредната година ММФ прогнозира раст од 3,4 насто на македонската економија.
Од земјите во регионот, најголем регистриран раст има во Косово од 3,9 насто, зад нас се Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Бугарија и поголемиот дел од земјите на Европската унија.
Кај ММФ отскокнува единствено Велика Британија со раст од 2,9 насто годинава.
