За брзо возење санкции за 286 возачи низ државата
19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 286 возачи.
Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 140 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
