МВР
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
28.04.2022 10:43
При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана спакувана во повеќе различни пакувања и масло од канабис.

Полициски службеници од СВР Охрид - Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје вчера го лишиле од слобода Н.Т.(35) од Охрид.
При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана спакувана во повеќе различни пакувања и масло од канабис.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
