Ковид-19

Кина продолжува со тестирањата

28.04.2022 10:49

Шангај почна нов круг тестирања за Ковид-19 со цел безбедно отворање на делови од градот кои постигнале општествена нула на заразата, откако вчера во земјата беа пријавени над 14 илјади нови случаи од кои 95 насто во овој глобален финансиски центар...

Шангај почна нов круг тестирања за Ковид-19 со цел безбедно отворање на делови од градот кои постигнале општествена нула на заразата, откако вчера во земјата беа пријавени над 14 илјади нови случаи од кои 95 насто во овој глобален финансиски центар.

Тестирањата продолжуваат и во Пекинг за да се избегне шангајското сценариот кое го затвори градот скоро еден месец.

Земјата се бори со најголемата зараза откако пандемијата првпат беше пријавена во Вухан кон крајот на декември 2019-та.