Фудбал, Лига на шампионите, четвртфинални реванши

Атлетико или Барселона, Баерн или Манчестер

09.04.2014 09:52

Атлетико Мадрид - Барселона

По тензичното реми 1-1 на „Камп Ноу“, двете водечки екипи во Ла Лига ги очекува уште еден судир на се или ништо. Барселона заостанува бод зад лидерот во шпанската лига, но многу поголемото искуство во Лигата на шампионите и е најголем адут дека нема да ја доживее најраната елиминација во последните седум евросезони.

Атлетико Мадрид - Барселона

По тензичното реми 1-1 на „Камп Ноу“, двете водечки екипи во Ла Лига ги очекува уште еден судир на се или ништо. Барселона заостанува бод зад лидерот во шпанската лига, но многу поголемото искуство во Лигата на шампионите и е најголем адут дека нема да ја доживее најраната елиминација во последните седум евросезони.

Благодарение на ремек-делото на Диего, Атлетико ја има важната предност на гол на гости, така што и Каталонците мора да погодат барем еднаш на „Висенте Калдерон“ за да се најдат во полуфиналето. Не успеаја во тоа во лигашкиот дуел во Мадрид порано сезонава, што значи дека Херардо Мартино е пред најсериозното искушение како да го најде клучот од портите на одбраната на Атлетико, којашто Диего Симеоне ја има доведено до совршенство..

Вечерашниот двобој не е само четвртфинален реванш во елитната конкуренција, туку и втор од трите меѓусебни дуели коишто во целост можат да ја одредат сезоната и на двете екипи. Во мај им претстои пресметка и во последното коло во домашната лига, којашто би можела да го одреди и првакот на Шпанија.

Четири меча, четири нерешени резултати. Двапати беше 0-0, двапати 1-1. Барса има шест победи на последните седум одиграни средби, Атлетико се радуваше седум пати на последните осум. Единствен меч што не го добија беше оној пред осум дена.

И двата тима досега постигнаа по 21 гол сезонава во шампионската лига, исто колку и Баерн, помалку само од Реал и од Пари Сен Жермен. Атлетико е екипата со најдобра одбрана и во оваа конкуренција, со само пет примени гола на девет натпревари, и во Ла Лига, со 22 примени гола на 32 дуели.

Мадридскиот тим има 16 победи на последните 17 европски средби на домашен терен. Барселона, пак,  четири сезони е непоразена на „Калдерон“.

Решена да го избори седмото последовно полуфинале во Лигата на шампионите, вечер ќе истрча без голманот Валдес и стоперот Пике. Значително ослабен ќе биде и домашниот состав, сигурно без Арда Туран, а многу веројатно и без клучниот стрелец сезонава Диего Коста. Сите четворица се повредија на „Камп Ноу“, со тоа што само Коста до последне момент би можел да има барем минимални шанси за настап.

Дрим-тимот на Мартино не мора да победи, но мора да постигне барем гол. Ако Симеоне успее да искреира уште едно реми 0-0, тимот од „Блауграна“ рано ќе се збогува од Европа.

 

Баерн – Манчестер Јунајтед

Како никогаш порано, актуелниот првак Баерн влезе како изразит фаворит во двомечот со Манчестер Јунајтед, но наспроти доминацијата на „Олд Трафорд“, не успеа лесно да ги пробие сезонава ранливите „црвени ѓаволи“. Ремито 1-1 од пред осум дена му дава надеж на англискиот шампион за прво полуфинале по три години.

Во вечерашниот дуел на „Алијанц“  Манчестер влегува со зголемена самодоверба ипо гостинскиот триумф над Њукасл во Премиер Лигата, додека германскиот тим во Аугзбург доживеа бундеслигашки пораз по дури 53 натпревари.

Баерн ќе биде без суспендираните Швајнштајгер и Мартинез и повредениот Алкантара, додека Руни и покрај малата повреда, сигурно ќе игра за Јунајтед.

Пет од десетте меѓусебни средби досега завршиле нерешено. Баерн има три, а Манчестер само две победи, меѓу коишто и онаа славната од финалето во 1999, кога европската круна ја освои со два гола во судиското надополнување.