Политика

Мицкоски бара предвремени избори

28.04.2022 13:19

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори. Вели, овие 100 дена е живот исполнет со криминали и скандали на власта...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори. Вели, овие 100 дена е живот исполнет со криминали и скандали на власта.

„Денес јавно и отворено предлагам до Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараме и ќе договориме, датум за одржување на предвремени парламентарни избори како природно решение за состојбите во Македонија. На тој состанок имам намера да предложам 4 тима, составени од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат составени од луѓе со искуство и луѓе кои се покажале и докажале во минатото во 4 акутни области во кои се детектирани клучните проблеми во нашата земја. Четири тима кои ќе работат заедно со тимови од власта во меѓу периодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори. Про боно без никакви права и привилегии“, изјави лидерот на ВМРО- ДПМНЕ на прес- конференција.

Најголем проблем се прескапите производи, наспроти ниските плати. Мицкоски изрази поддршка на просветните работници. Вели, со заемот од 900 милиони евра, Македонија влегува во должничко ропство. Пари кои владата ќе ги потроши за покривање буџетски дупки.

Опозицискиот лидер е дециден- нема да поддржи отворање на Уставот, за исполнување на бугарските барања.