Светски ден на безбедност при работа
За успешно справување со сегашните и со идните предизвици кои влијаат врз здравјето и безбедноста на работните места неопходен е ефикасен социјален дијалог, како и активно учество на сите релевантни страни, како на национално, така и на ниво на деловни субјекти. Со низа активности е одбележан светскиот ден на безбедност и здравје при работата...

Годишно на глобално ниво се случуваат над 400 милиони инциденти и несреќи на работни места, а регистрирани се и до 3 милиони смртни случаи. За справување со предизвиците кои влијаат врз здравјето и безбедноста на работните места. Потребен е социјален дијалог, беше пораката по повод светскиот ден на безбедност и здравје при работа.
Сите ние заедно, работниците, работодавците, стручните лица и професионалците, мораме да работиме активно за да обезбедиме сигурност и безбедност на нашите работници, став на министерката Тренчевска.
На конференцијата беше констатирано дека предизвиците поврзани со Ковид-19 пандемијата покажаа дека постоењето на начелата и нивното спроведување се од суштинско значење за заштита и безбедноста на работниците.
Марија Котовска
