Битола ќе добие нов стадион по 8 децении
Под Тумбе-кафе ќе никне нова фудбалска арена каква што и доликува на спортска Битола. Инвестицијата ќе изнесува над 8 милиони евра, со кои ќе бидат изградени терени за сите спортови...

По близу осум децении, Битола конечно ке добие стадион на кој ќе можат да се играат и меѓународни натпревари. Презнтацијата на идејното решение, чија реализација ќе отпочне во втората половина од годината, го подигна адреналинот кај спортската јавност и навивачката група „Чкембари“.
„Буквално сум задоен под Тумбе Кфе. Ова е долгоочекуван ден за мене и колегите од навивачката група. Конечно нашите желби ќе станат јаве, но мислам дека ова е празник и за сите останати вљубеници во спортот“, вели Никола Пислачев, од навивачката група „Чкембари“.
Новото спртско здание ќе располага со шест модерни атлетски патеки и ќе биде опкружено со четири трибини на кои ке можат да се сместат 12.000 гледачи.
Спортските хроничари сметаат дека оваа е оптимално решение.
„Цел работен век го поминав како спортски новинар. Паметам дека само на средбите со Вардар имало на двапати близу 10.000 гледачи, а рекордот на продадени билети се случи на куп средбата со Сплитски Хајдук. Беа продадени над девет илјади влезници“ вели доајенот на битолското спортско новинарство Димче Миновски.
Вкупната инвестиција е проценета на над осум милиони евра. Првата фаза ќе започне со изградба на северната трибина, која зафаќа и најголема финансиска ставка.
„Тука ќе влезат околу педесет посто од средствата затоа што на оваа трбина ќе има и други пропратни простории. Јужната трибина ќе претрпи само осовраменување, а останатита две трибини со помал капацитет“, рече градоначалникот Владимир Талески.
Најголемиот дел од срествата ќе се обезбедат од општинскиот буџет. Талевски смета и на помошта од помоќните претпријатија, а ќе биде отворена и посебна жиро сметка на која ќе можат да донираат сите оние на кој спортот им значи многу.
Стевче Митревски
