Политика

САД со поддршка за членството на Македонија во ЕУ

28.04.2022 14:42

Предолго се одолговлекува одржувањето на првата меѓувладина конференција на Македонија и ЕУ. Иднината на Северна Македонија е во Унијата-американската помошничка-државен секретар за евроазиски прашања, Карен Донфрид со поддршка за нашите евроинтеграции. Според шефот на дипломатијата Османи, членството во ЕУ е и безбедносно прашање. Време е Унијата да го испорача ветеното…

САД силно поддржуваат почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, порача американскиот помошник државен секретар за Европа и евроазиски прашања, Карен Донфрид при првата официјална посета на земјава.

Иднината на Северна Македонија е во Европската унија. Земјата ги исполни сите критериуми и САД даваат поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, рече високиот американски дипломат на прес-конференцијата со министерот за надворешни.

Нема време за губење. ЕУ треба да го испорача ветеното за преговори до јуни. Секое натамошно одложување ќе има последици за стабилноста во регионот, истакна шефот на дипломатијата Османи.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил за искреното и континуирано пријателство на САД од независноста на нашата држава, што е важно и за остварување на стратешките цели НАТО и ЕУ. Укажал дека Владата е фокусирана на надминување на светската енергетска, економска и воена криза и ќе продолжиме да се заложуваме за решенија на сите отворени прашања исклучиво со почитување на европските вредности, меѓусебна почит и достоинство во разговорите.

Претседателот Пендаровски на средбата со Донфрид посочил дека посетата е потврда за силната американска поддршка за регионалната стабилност. Осврнувајќи се на безбедносните случувања и последиците врз Балканот, претседателот алармирал на важноста за деблокада на македонските евроинтеграции и изнаоѓање на конструктивно решение за недоразбирањата со Бугарија.

Ирина Гелевска