Повисока цена на маслото за јадење
Прилепска Витаминка која досега литар масло го продаваше за 125 денари е принудена да ја крене цената затоа што маслото е берзански производ и мора да бидат вградени зголемените трошоци за набавка на суровина, соопшти фабриката...

Единствена причина за поскапувањето на маслото за јадење во маркетите е скокот на цената на нерафинираното масло. Наместо како досега 1.200 до 1.500 евра тон нерафинирано масло од Бугарија и Украина сега чини околу 2.200 евра.
Прилепска Витаминка која досега литар масло го продаваше за 125 денари е принудена да ја крене цената затоа што маслото е берзански производ и мора да бидат вградени зголемените трошоци за набавка на суровина, соопшти фабриката.
Потсетуваат дека поради увозот од Србија масло има доволно и граѓаните не треба да прават залихи во домовите.
