Образование

СОНК го стави штрајкот во мирување, од утре учениците ќе одат на училиште

28.04.2022 16:10

Штрајкот во училиштата е ставен во мирување, пред малку соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков...

Штрајкот во училиштата е ставен во мирување, пред малку соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Истакна дека ваквата одлука на Советот на синдикатот доаѓа по добиено известување од Министерството за образование и наука со кое отпочнува постапка за помирување.

Неделков кажа дека ова е само почитување на законот. На власта и се дава период од дваесет денови да се усогласат барањата на синдикалците. Во спротивно мирувањето на протестот се прекинува.