Македонија

Исчистени 450 тони линдан од малата депонија во „ОХИС“

28.04.2022 16:37

Во март наредната година ќе биде исчистен штетниот отпад од некогашниот фабрички гигант „ОХИС“. Линданот заминува за Франција. И во драчевска Пеленица имало пренесување на хемиски штетни материи...

За неколку дена 450 тони линдан и 150 тони контаминирана почва од поранешната фабрика „ОХИС“ ќе бидат извезени во Франција. Процесот на собирање на штетните отпад е почнат во март треба да заврши за 12 месеци. Во малата депонија во ОХИС, има над 6.660 тони отпад.

При тековните активности пронајдени е отровниот тежок елемент жива.

Опасен хемиски отпад од ОХИС бил пренесуван и во Пеленица, во скопско Драчево. Министерот Нуредини вели тоа не е единствената црна точка.

Надлежните имаат цел да ја исчистат и големата депонија во кругот на фабриката од која со години се шири непријатна миризба, но засега за тоа нема пари. 

Наташа Ј. Менковски