Шерон Симпсон доби суспензија од 18 месеци
Допинг скандалот, започнат минатата година по атлетското изборно првенство на Јамајка е со разрешница. Една од најдобрите светски спринтерки Шерон Симпсон доби 18-месечна суспензија за користење на недозволениот стимуланс „оксилофрин“.ПокрајСимпсон и репрезентативката на Јамајка во фрлање диск Алисон Рендал имаше позитивен допинг тест од истото натпреварување. Таа е суспендирана на две години.

„Симпсон призна дека го користела стимулансот, препорачан од нејзиниот тренер. Откако се разгледани сите докази, утврдена е небрижност од страна на атлетичарката и тоа е причината поради која нејзината казна е нешто поблага“-изјави Ленокс Гејл, член на анти-допинг комисијата на Јамајка.
Шерон Симпсон има 29 години. На Олимпијадата во Атина во 2004 го освои златниот медал во штафетата на Јамајка 4Х100 метри, во Пекинг беше „сребрена“ на 100 метри, а сребрен медал освои и на Игрите во Лондон во штафетата на Јамајка 4х100 метри.