Фудбал

Значаен чекор на Ливерпул до финалето

28.04.2022 18:54

Виљареал го заслужи епитетот „убиец“ на фаворити, но Ливерпул имаше доволно време и памет да ја научи лекцијата на туѓи грешки и обезбеди предност од 2-0 во полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите. Се насмевнува англиски натпревар за европската круна, но мадридското реноме никој не може да го занемари, ниту, пак, истрајноста на Виљареал...

Виљареал го заслужи епитетот „убиец“ на фаворити, но Ливерпул имаше доволно време и памет да ја научи лекцијата на туѓи грешки и обезбеди предност од 2-0 во полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите. Се насмевнува англиски натпревар за европската круна, но мадридското реноме никој не може да го занемари, ниту, пак, истрајноста на Виљареал.

Ливерпул ги загуби последните четири гостувања во полуфиналето на Лигата на шампионите, притоа примајќи 11 гола, но без оглед на оваа статистика огромна изгледа предноста остварена вчера на Енфилд со головите на Хендерсон и на Мане.

„Навистина игравме добро, но мора да останеме позитивни и да го задржиме истиот пристап. Засега се е добро, па сепак треба да бидеме внимателни 100-процентии да играме на реваншот како на првиот меч“, вели задоволниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, кој ги пофали своите фудбалери затоа што не дозволија контранапади на противникот.

„Кога тим игра плитка одбрана, треба да имате среќа. Ние ја добивме, нашиот контра-пресинг беше добар и тоа им ја отежна работата. Но натпреварот е сè уште отворен“, предупреди Хендерсон.

„Првото полувреме бевме добри во одбрана, но не успеавме да се избориме за противнапади. Идентично беше второто полувреме и тие заслужија да погодат. Ова не е добар резултат за нас, но сонуваме да направиме нешто поинаку пред своите гледачи“, се надева тренерот на Виљареал Унаи Емери иако многу работи се на страна на премиерлигашот. Ливерул даде најмалку два гола на 10 од претходните 11 средби во Лигата на шампионите, а Виљареал вчера не упати прецизен шут кон голот.