Елиминација на Чикаго и на Денвер
Милвоки и Голден Стејт ја прескокнаа првата пречка во разигрувањето по пет натпревари со ривалите во разигрувањето за титулата. Актуелниот првак го елиминираше Чикаго со 116-110 за 4-1 во серијата. Јанис Адетокумбо даде 33 коша, а својот ефект го збогати со девет скока и со три асистенции...

Милвоки и Голден Стејт ја прескокнаа првата пречка во разигрувањето по пет натпревари со ривалите во разигрувањето за титулата. Актуелниот првак го елиминираше Чикаго со 116-110 за 4-1 во серијата. Јанис Адетокумбо даде 33 коша, а својот ефект го збогати со девет скока и со три асистенции.
Одлична поддршка имаше од Портис со 14 поени и дури 17 фатени топки, па Никола Вучевиќ со 19 коша, 16 скока и 6 асистенции не можеше да биде рамнотежа на вагата за Чикаго. Во наредната рунда, односно во полуфиналето на истокот, Милвоки ќе оди на Бостон, а во втората рунда од западната конференција Голден Стејт ќе го очекува подобриот од низата меѓу Мемфис и Минесота. „Вориорс“ ја заврши сезоната на Денвер со 4-1, со 102-98 во ноќешниот дуел пред своја публика.
Вообичаено, Стеф Кари беше предводник на Голден Стејт, овој пат со 30 поени и по пет скока и асистенции. Никола Јокиќ со идентични 30 поени, со 19 скока и осум асистенции не можеше да го спаси Денвер.
