Ковид-19

Пекинг ги затвора сите училишта за да се спречи ширење на Ковид-19

28.04.2022 19:46

Кинеските здравствени власти се надеваат дека во Пекинг ќе го избегнат она што се случи во Шангај, каде по четири недели, затворањето доведе до недостиг на храна и застој во услугите..

Од утре се затвораат училиштата во Пекинг за да се спречи ширењето на коронавирусот. Во градот со 21 милион жители во моментот се врши масовно тестирање кое ќе трае до сабота. Главниот град на Кина воведува ограничувања побрзо од многу други покраини.

Кинеските здравствени власти се надеваат дека во Пекинг ќе го избегнат она што се случи во Шангај, каде по четири недели, затворањето доведе до недостиг на храна и застој во услугите. Расте бројот на заразени и на Тајван.

Властите апелираат луѓето да останат во домашен карантин доколку имаат позитивен тест за Ковид-19.