Свет
Огромен пожар во депонија во Њу Делхи
28.04.2022 21:44
Топлото време трае веќе два месеци, а метеоролозите најавуваат раст на температурата до крајот на неделава...

Поради високата температура повеќе пожари избувнаа на депонијата во индискиот главен град Њу Делхи.
Утрово, четири бригади со околу триесетина пожарникари сè уште го гаснеа пожарот во тешко пристапниот дел од депонијата, на третиот ден од пожарот. Екстремната температура од 50 степени целзиусови ги погоди Пакистан и Индија.
Топлото време трае веќе два месеци, а метеоролозите најавуваат раст на температурата до крајот на неделава.
