Кризен штаб

Се очекува одлука за укинување на ковид- мерките

29.04.2022 08:57

Поради намалување на бројот на новозаразени од Ковид-19, во средата Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки, освен задолжителното носење маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица.

Се очекува деновиве најпрвин Главниот координативен кризен штаб, а потоа и Владата да се произнесат околу препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19. Во земјава има вкупно 503 активни случаи, а бројката на дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата е 309.434.

Поради намалување на бројот на новозаразени од Ковид-19, во средата Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки, освен задолжителното носење маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица.

Комисијата исто така испрати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението, велат од ресорот здравство.