Македонија

141 санкционирани возачи во Скопјe

29.04.2022 09:25

На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 27 санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл. Изречени се четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за користење на мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 27 санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл.

Изречени се четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за користење на мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.