Нови 8.550 пара високи специјални чизми за потребите на ЕБР и за останатите припадници на полицијата
Вкупната вредност на набавката изнесува нешто над 46 милиони денари без вклучен ДДВ, односно со единечна цена на пар од 5.390 денари без вклучен ДДВ.

Деновиве во магацините на МВР, врз основа на потребите на Министерството за внатрешни работи, a согласно планот за материјално-техничко унапредување на условите за работа на полициските службеници, вклучително и специјалните единици на МВР, пристигна набавката од 8550 високи специјални чизми со врвен квалитет.
Од нив 550 пара се за припадниците на Единицата за брзо распоредување, а 8.000 за останатите припадници на полицијата. Вкупната вредност на набавката изнесува нешто над 46 милиони денари без вклучен ДДВ, односно со единечна цена на пар од 5.390 денари без вклучен ДДВ.
Со ова се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година, а се дел од инвестициите во полицијата коишто важат како најголеми по опфатот на служби досега, велат од МВР.
