СВР Битола
41 санкционирани возачи на мотоцикли во Битола, три мотоцикли одземени
29.04.2022 10:25
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 13.00 до 19.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 41 возач...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 13.00 до 19.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 41 возач.
Од нив, 21 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопштуваат од МВР.
