Промоција на нова поетска книга на Мане Манушев
09.04.2014 11:02
Во „Плато МКЦ“ вечер ќе биде промовирана поетската книга „ЌЕ“ на авторот Мане Манушев, во издание на „Антолог“.
Поетскиот ракопис на Манушев „Ќе“ ја манифестира потребата за приказна која има своја проекција во иднината. Според Весна Мојсова - Чепишевска, читателот пред себе има една од тие приказни кои мораат да бидат раскажани, а со нивното читање и допишани.

Манушев е роден 1983 година во Велес. Дипломирал Општа и компаративна книжевност. Има настапувано на Струшките вечери на поезијата и е добитник на наградата Енхалон за најдобра песна од млад поет за 2013 година.