Ковид-19

Пекинг се затвора поради коронавирусот

29.04.2022 11:34

Денеска во Пекинг поради ширењето на Kовид-19, затворени се дополнителен број продавници. Станбените блокови се под строги мерки за изолација, училиштата не работат...

Денеска во Пекинг поради ширењето на Kовид-19, затворени се дополнителен број продавници. Станбените блокови се под строги мерки за изолација, училиштата не работат.

На доставувачите на пошта и храна им е забранет влез во некои населби и станбени области.

Жителите се предупредени дека ќе бидат законски одговорни доколку не ги почитуваат рестриктивните мерки и придонесат за ширење на епидемијата.

Властите се обидуваат да откријат што е можно повеќе контакти на заразените. Поради строгите мерки за изолација, странците масовно го напуштаат кинескиот главен град.