Израел
Немири во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим
29.04.2022 11:58
Палестинската служба за итни случаи соопшти дека над 40 луѓе се повредени. Од израелската полиција велат дека уапсиле три лица...

Повторно немири во Еруслим, во комплексот на џамијата Ал Акса. Палестинците фрлаа камења, а израелската полиција возврати со гумени куршуми.
Палестинската служба за итни случаи соопшти дека над 40 луѓе се повредени. Од израелската полиција велат дека уапсиле три лица.
Израелските власти го обвинуваат Хамас за поттикнување насилство и велат дека безбедносните сили биле принудени да интервенираат.
