Продолжува штрајкот во Управата за водење матични книги
Обвинуваат за уцени и притисоци. Загрижени се и поради ставот на Министерството за правда дека колективниот договор е незаконски и е во спротивност со Законот за административни службеници. Потенцираат дека штрајкот е последица на, како што велат, предолгото туркање под маса на проблемите на вработените.

Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги. Според независниот синдикат, 70 проценти од нив земаат плата под минималецот. Обвинуваат за уцени и притисоци.
Загрижени се и поради ставот на Министерството за правда дека колективниот договор е незаконски и е во спротивност со Законот за административни службеници. Потенцираат дека штрајкот е последица на, како што велат, предолгото туркање под маса на проблемите на вработените.
Барањата на синдикатот се донесување на колективен договор на ниво на работодавач, контиунирани обуки и систем на унапредување на вработените, усогласување на платите согласно покачувањето на миниминалната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во Управата.
