Собрание

Џафери: Украина ќе добие помош во зависност од потребите

29.04.2022 12:25

Тој напомена дека како Собрание ќе размислат за дефинирање на состојбите во Укриана по однос на злоделата кои што се направени таму.

Претседателот на Собранието, Џафери, по враќањето од посетата на Киев и средбата со украинскиот претседател Зеленски, рече дека Украина ќе добие различен вид помош од Македонија, во зависност од потребите кои подоцна ќе бидат определени, а ако треба и воена. За неговото патување во Киев рече дека ги известил претседателот и премиерот.

Тој напомена дека како Собрание ќе размислат за дефинирање на состојбите во Укриана по однос на злоделата кои што се направени таму.

„Како држава сме приклучени кон сите мерки и обврски кои ги презема Европската Унија како поддршка на Украина. Подготвеноста за поддршка од кој било аспект не е само личен став на претседателот на Собранието, туку е обврска на државата која е членка на НАТО и кандидат за влез во Европската Унија. Мислам дека како Собрание треба да размислиме за дефинирање на состојбите во Укриана по однос на злоделата кои што се направени таму“, нагласи Џафери.