Политика
Мицкоски: Македонија се држи во заложништво
29.04.2022 13:31
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на единство. Не открива конкретни детали за идните чекори на опозицијата...

Оваа влада смислено ги слабее капацитетите на институциите. Македонија се држи во заложништво, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, по одбивањето на премиерот Ковачевски за средба за предвремени избори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на единство. Не открива конкретни детали за идните чекори на опозицијата.
„Жалам што постапуваат вака неодоговорно во моменти кога на народот му е потребно обединување. Она што го гледаме и од Ковачевски, но и од останатите во Владата е сè само не она што му е потребно на народот“, вели Мицкоски.
