Србија

Лажни дојави за бомби во дваесетина средни училишта во Белград

29.04.2022 13:37

„Проверките продолжуваат“, порачаа од српското МВР.

Поради дојави за бомби, евакуирани дваесетина средни училишта во Белград. Полицијата провери неколку објекти и утврди дека станува збор за лажни дојави.

„Проверките продолжуваат“, порачаа од српското МВР.

Министерството за образование, наука и технолошки развој претходно соопшти дека дваесетина училишта во Белград добиле циркуларна електронска пошта за поставена бомба, за што веднаш биле известени МВР и БИА.