Џафери: Собранието треба да донесе документ за дефинирање на состојбите во Укриана
Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО и ЕУ за финансиска и воена помош на Украина. Ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на земјата по завршувањето на оваа бесмислена војна, рече претседателот на собранието, Талат Џафери по посетата на Украина. Тој посочи дека неговата посета претставува и лична и институционална поддршка на напорите на украинските институции да го вратат мирот и контролата врз целата своја територија...

Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО и ЕУ за финансиска и воена помош на Украина. Ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на земјата по завршувањето на оваа бесмислена војна, рече претседателот на собранието, Талат Џафери по посетата на Украина. Тој посочи дека неговата посета претставува и лична и институционална поддршка на напорите на украинските институции да го вратат мирот и контролата врз целата своја територија. Џафери напомена дека Собранието треба да донесе документ за дефинирање на состојбите во Укриана.
„Мислам дека како Собрание треба да размислиме за дефинирање на состојбите во Украина по однос на злоделата кои што се направени таму. Ќе бидеме во координација со другите чинители во државата за да се иницира резолуција или декларација“, рече спикерот Џафери.
Спикерот Џафери вели дека позитивен момент е што луѓето се свесни за тоа што се случува. Вели, моралот и на граѓаните и на институциите е на високо ниво. Претседателот на Собранието во средата на покана на неговиот колега ја посети Украина, а имаше средба и со претседателот Зеленски.
Игор Панов
