Македонија

Протест на земјоделците од Меџитлија

29.04.2022 15:35

Земјоделците од пограничното пелагониско село Меџилија, два часа ја држеа блокирана едната лента од меѓународнот пат во непосредна близина на граничниот премин...

Незадоволни од односот по распределбата под концесија на државното земјоделско земјиште, земјоделците од пограничното пелагониско село Меџитлија два часа со механизација ја блокираа дел од едната лента на меѓународниот пат во непосредна близина на граничниот премин. Велат во калап сме нема со што да ја прехраниме стоката. Друг проблем им е што долгото чекање узурпирале 50-десет хектари земја на ЗК Пелагонија и сега и од комбинатот и инспекциските служби им се закануваат со кривична одговорност.

Сите што денеска се одлучивме на овој потег ја делиме истата мака. Во селото одгледуваме околу 500-тини крави и друга стока, понатаму вака не можеме бидејќи не произведуваме доволно сточна храна. Наместо да плаќаме по 50-сет евра по хектар за земјиште под концесија ние одамна плаќаме шестпати повеќе за изнајмено приватно земјиште велат револтираните земјоделци од селото Меџитлија.

Гневот дополнително го зголемува како што велат сознанијата дека на поединци им се доделуваат стотици хектари земјиште и од монополскиот однос што го има ЗК Пелагонија во нивниот атар.

По двегодишно чекање дека многу предизборни ветувања ќе им бидат исполнети велат им прекипило, па 27 семејства узурпиале 50-сет хектари државно земјоделско земјиште. Откако посеале се соочуваат со најавите за кривична одговорност поднесени од комбинатот и инспекциските служби.

Тие апелираат до ресорното министерство да помогне во решавањето на овој горлив проблем за нив напоменувајќи дека тие бараат земја за да работаат а не некој да ги вработи.

Стевче Митревски