Маска од моркови делува како ботокс

09.04.2014 12:03

Доколку на лицето сте забележале нови брчки и траги на замор, направете одлична маска против брчки во домашни услови. Освен тоа што е економична, нејзиниот ефект е скоро еквивалентен со прочуениот ботокс.
 
За подготовка на оваа маска потребно ви е: една лажица густин, свежо исцеден сок од морков (5 лажици) и една лажица кисела павлака.
 
Како да ја подготвите маската:
 
Во половина чаша вода, растворете го густинот. Ставете го во тенџере и додадете 400мл превриена топла вода. Ставете го на оган и варете го на ниска температура се додека не се згусне.
 
На крајот, откако смесата малку ќе се излади, додадете го и свежо исцедениот сок од морков и павлаката. Добро измешајте и ставајте на претходно исчистено лице на 25-30 минути.
 
Маската измијте ја со топла вода и нанесете крема.
 
Останатата количина ставете ја во фрижидер.
 
За подобар ефект маската се става три дена по ред. Ги отстранува трагите од замор и малите брчки, кожата станува затегната, еластична и мека. Ја хидрира кожата и делува скоро како познатиот ботокс.