Врховен суд го отфрли барањето на Груевски
Врховен го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски, поднесено преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Кривичниот суд и пресудата на Апелацискиот суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар“..

Врховен го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски, поднесено преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Кривичниот суд и пресудата на Апелацискиот суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар“.
Во овој предмет Груевски е осуден на 1 година и 6 месеци затвор. Според решението, поднесеното барање било од неовластено лице. Бранителот по службена должност немал полномошно од Груевски за да биде негов бранител и немал право да го поднесе барањето за вонредно преиспитување на правосилна судска одлука.
Според законот за кривична постапка, барањето е поднесено од неовластено лице. Бидејќи Груевски побегна, а неговите адвокати не добија овластување да го застапуваат, му беше определен бранител по службена должност, соопштуваат од Кривичниот суд.
