Прилеп

На голем петок во манастирот „Свети Архангел Михаил“

29.04.2022 16:08

Вековна е традицијата на голем или источен петок, првиот по Велигден, да се биде на манастирот „Свети Архангел Михаил“ под Марковите кули во Прилеп. И на гости во најстарата населба Варош со најголемите средновековни панаѓури. Манастирот ја чува тајната за изворот со лековитата вода..

На Источен, Голем петок, прв по Велигден, на Варош под Марковите кули и во манастирот „Свети Архангел Михаил“. Бројни верници и посетители стигнаа да се помолат за здравје и радост, да земат вода од лековитиот извор. Традициите и верувањата остануваат.

Со балкански познати панаѓури од средновековието, со верувањето за 77-те цркви, најстарата прилепска населба на Голем петок ширум ги отвора портите за гостите, за патниците. Со пандемијата уште повеќе недостасуваат средбите.

Манастирот од 12-ти век плени со посебноста.

Елизабета Митревска