Продолжува штрајкот во Управата за водење на матични книги
Изводи не се издаваат, вработените во управата за водење на матични книги не се откажуваат. Барањата мора да ни бидат исполнети, велат синдикалците. Тврдат дека речиси 90 проценти од вработени штрајкуваат и покрај притисоците...

Изводи не се издаваат, вработените во управата за водење на матични книги не се откажуваат. Барањата мора да ни бидат исполнети, велат синдикалците. Тврдат дека речиси 90 проценти од вработени штрајкуваат и покрај притисоците.
„Ако е проблемот 60 бода го коригиравме и го прифативме. Од Финансии ни кажаа нула ќе добиете ако ви дадеме вам ќе бараат и другите државни службеници“, изјави Тони Милошевски, од независниот Синдикат на Управата за водење на матични книги.
Во пресрет на запишувањето ученици во основно и средно и на факултет можно е да има притисоци, велат од Синдикатот. Признаваат дека има грешки со издадените изводи ама имаат објаснување и за тоа.
„Грешките што ги зборуваат не се наши“, рече Тони Милошевски, од независниот Синдикат на Управата за водење на матични книги.
Синдикалците бараат линеарно зголемување на платите на сите вработени, нов колективен договор и унапредување. Од Министерството за правда рекоа дека предложениот колективен договор не може да се потпише зашто бил противзаконски и затоа текстот на договорот ќе се преработи, а во меѓувреме се преземаат активности за интерни унапредувања.
Наташа Ј. Менковски
