Пчелар од Охрид треба да исплати отштетно побарување од 10.000 евра
Охридскиот пчелар Лазе Грозданов кој пред осум години беше обвинет дека траспортираќи пчели кои биле недоволно обезбедени поради што од еден сандук излегол рој пчели кои нападнале семејство при што му нанеле убоди на едно лице треба да исплати отштетно побарување од десет илјади евра. Судската одлука што ја донесе Основниот суд од Охрид е потврдена во битолска Апелација поради што македонските здруженија на пчели бараат преиспитување на одлуката,а Грозданов најави тужба во Стразбур...

Лазо Грозданов, пчелар од Охрид правдата ќе ја бара пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур по пресудата на Основниот суд од Охрид која е потврдена и од Битолска апелација со којашто тој е обвинет дека вршејќи транспорт на пчели при што од недоволно обезбедените сандаци излегол рој пчели кои му нанеле убоди на едно лице. Со пресудата тој е задолжен на оштетениот да му исплати 10.000 евра за нешто што според него не е докажано. Минав низ осумгодишна голгота вели тој посочувајќи дека нема ниту еден доказ дека неговите пчели го нападнале семејството на тужителот. Судот притоа не побарал да се земе мостра од пчелите и да се изврши ДНК анализа што ќе го потврди делото.
„Во никој случај при транспорт не може да излезе рој пчели, да изврши напад на лицето и неговата фамилија наведено во тужбата, да трга грсти пчели од тоа и притоа да не му биде каснато детето, да не му биде касната сопругата, да не е каснат друг минувач бидејќи е фреквентна улица“, рече Лазо Грозданов, пчелар од Охрид.
Грозданов има целосна поддршка од сите македонски здруженија на пчелари кои тврдат дека тој е жртва, а пресудата е срам за нашиот правен систем.
„Во државава има некаде 7-8 000 пчелари, по четири кој директно, кој индиректно како дополнителна дејност живее од таа гранка. Се подметнува пресуда, практично ставени сме и размислуваме за намалување на пчелниот фонд. Не може човек со претрпен шок да вози, да управува, да брка возило на сторител и после 15-20 минути или пола час да оди на лекар да носи соодветни документи“, рече Тони Јосифоски, претседател на Здружение на пчелари „Охрид“.
Не бараме да сме над законот, но пресудата е лаичка или монтирана велат пчеларите и бараат нејзино преиспитување од Републичкиот судски совет и Министерството за правда и да ги информираат дали чувањето пчели е високоризична професија.
Сашо Нелоски
