Антиќ одличен, Атланта си игра со судбината
09.04.2014 12:15
Нашиот интернационалец имаше уште една солидна партија во дресот на Хокс, со 13 поени и со 9 скока, со што беше на работ на дабл-дабл учинок во поразот од Детроит (95:102).
За 28 минути, Антиќ имаше реализација 2/7 за два поена, 2/6 за три поени и 3/4 од линијата за слободни фрлања. Пол Милсап имаше 24 поени со 12 скокови, а на спротивната страна Андре Драмонд резлизира 19 поени со 17 скока и Грег Монро имаше 21 поен со 13 скокови.

До крајот на регуларниот дел од сезоната има уште една недела, Атланта ќе одигра уште 5 натпревари, а има една победа повеќе и еден меч помалку од Њујорк во дуелот за 8-та позиција на Истокот, што е последното конференциско место во плеј офот.
Следните противници на Хокс се Бостон, Бруклин, Мајами, Шарлот и Милвоки. Распоредот е пеколно тежок, со оглед на големата тројка што следува. Њујорк игра против Торонто, Чикаго, Бруклин и Торонто уште еднаш. Распоредот на Никс е далеку полесен, но предноста сеуште е на страната на Атланта.
Прекината е низата на Дјурант, иако неговата екипа победи против Сакраменто (92:107). Рекордот на првата ѕвезда на Оклахома остана на 41 натпревар во низа со +25. На гостувањето кај Кингс, Дјурант реализира 23 поени, што е бројот на дресот на славниот Мајкл Џордан, чиј што беше претходниот рекорд од 40 меча во серија со 25 или со повеќе поени.
На другите мечеви:
Мајами – Бруклин 87:88
Минесота – Сан Антонио 110:91
Јута – Далас 83:95
ЛА Лејкерс – Хјустон 130:145