НБА кошарка (плеј - оф)

Феникс, Далас и Филаделфија во 2. коло

29.04.2022 20:21

Најдобрата екипа во онсовниот дел од сезоната, Феникс за 4:2 славеше кај Њу Орлеанс со 115:109 најмногу благодарение на Крис Пол кој не промаши ниту еден од 14-те шута и постигна 33 поени...

Со гостински победи Феникс, Далас и Филаделфија во шест меча ги завршија стартните плеј - оф серии и се пласираа во конференциските НБА полуфиналиња.

Најдобрата екипа во онсовниот дел од сезоната, Феникс за 4:2 славеше кај Њу Орлеанс со 115:109 најмногу благодарение на Крис Пол кој не промаши ниту еден од 14-те шута и постигна 33 поени.

Следен противник на санс на „западот“ ќе им бидат кошаркарите на Далас кои со ист резултат ја елиминираа Јута. Лука Дончиќ првпат, а Далас по единаесет години пауза се пласираа во второ коло од разигрувањето и тоа по победата од 98:96. Дончиќ и Џејлен Брансон реализираа по 24 коша, но Словенецот имаше и девет скока и осум асистенции.

На „истокот“, пак,Ффиладелфија беше убедлива против Торонто и со славјето од 132:97 обезбеди дуели со Мајами. Тројца кошаркари на севентисиксерс имаа двоен ефект во по две статистички категории, Џоел Ембид 33 поени - 10 скока, Џејмс Харден 22 коша - 15 асистенции и Тобијас Херис 19 поени и 11 собрани топки под обрачите.