Тенис
Борис Бекер осуден на 2,5 години затворска казна
29.04.2022 20:25
На одлуката на судот во Лондон, некогашниот германски тениски ас, кој сега има 54 години, има право на жалба. Доколку не му биде прифатена, би можел со добро однесување да отслужи половина од затворската казна...

Тројниот вимблдонски и шесткратен грен – слем шампион, Борис Бекер е осуден на затворска казна од 2,5 години бидејќи при банкротот и стечајната постапка криел пари, недвижнини и тениските трофеи.
На одлуката на судот во Лондон, некогашниот германски тениски ас, кој сега има 54 години, има право на жалба. Доколку не му биде прифатена, би можел со добро однесување да отслужи половина од затворската казна.
