МВР

88 санкционирани возачи во Скопје

30.04.2022 09:32

На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење на мобилен телефон...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење на мобилен телефон.

Изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.