Ковид-19

Тајван: Бројот на дневни случаи на највисоко ниво

30.04.2022 10:29

Според соопштението на Централниот команден центар за епидемии, во последните 24 часа се откриени над 11.000 случаи од локално потекло и 164 случаи од надворешно потекло, од кои 2 лица починале од вирусот...

Бројот на случаи на Kовид-19 во Тајван достигна највисоко ниво од почетокот на епидемијата, со повеќе од 10.000 случаи.

Според соопштението на Централниот команден центар за епидемии, во последните 24 часа се откриени над 11.000 случаи од локално потекло и 164 случаи од надворешно потекло, од кои 2 лица починале од вирусот.

Двете жртви не биле вакцинирани против Kовид-19. Се претпоставува дека бранот на епидемија е резултат на ширењето на варијантата омикрон, како што се случи во континентална Кина и Хонг Конг.