Северна Кореја

Јонг-Ун: Армијата да го зајакне воениот потенцијал

30.04.2022 11:58

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун ја повика националната армија да ги зајакне своите сили за да може да го „уништи непријателот“, во момент кога најновите сателитски снимки укажуваат засилени подготовки на Пјонгјанг за можно тестирање на својот нуклеарен потенцијал...

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун ја повика националната армија да ги зајакне своите сили за да може да го „уништи непријателот“, во момент кога најновите сателитски снимки укажуваат засилени подготовки на Пјонгјанг за можно тестирање на својот нуклеарен потенцијал.

На големата воена парада одржана во Пјонгјанг, по повод 90-годишнината од основањето на армијата беше претставена најголемата интерконтинентална балистичка ракета „Хвасонг-17“ и неодамна тестираната хиперсонична ракета.

Северна Кореја тврди дека се спротивставува на воени активности и дека нејзиното оружје е исклучиво за самоодбрана.