Македонија

Еколошка акција за чистење на Охридското езеро

30.04.2022 12:53

Околу 80 нуркачи од земјава и регионот учествуваа во големата акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад, која се одржа денеска во Охрид...

Околу 80 нуркачи од земјава и регионот учествуваа во големата акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад, која се одржа денеска во Охрид. Организатор на акцијата е нуркачкиот центар „Амфора“, како дел од финалните активности на проектот „Охрид ЕКО2022“.

Проектот е финансиран од Општина Охрид со поддршка на јавните претпријатија, како и локални спонзори.

Градоначалникот Кирил Пецаков упати благодараност до организаторите и до сите нуркачи кои несебично се вклучија во еко-акцијата.