Над 15 стари куќи во Куманово, закана за минувачите
Дел од старите куќи кои останаа во центарот на Куманово се закана за минувачите. Отпаѓаат делови од нив, па инспекцијата често поставува ленти со кои ги предупредува граѓаните за опасност. Од Секторот за урбанизам велат апелираме до сопствениците сами да ги уриваат објектите...

Над 15 стари куќи во централното градско подрачје на Куманово се закана за безбедноста на минувачите. Попуштаат ѕидовите и фасадите, делови отпаѓаат, а градежната инспекција често поставува и ленти со кои е обележана опасноста. Кумановци бараат да се реши проблемот со ваквите рунирани градби.
Од Секторот за урбанизам при Општина Куманово објаснуваат дека апелираат до сопствениците да ги отстранат ваквите градби. Велат, значително е помал трошокот доколку е на сопствена иницијатива. Дополнуваат дека реагираат од она што ќе го видат на терен, но и по претставки од граѓаните.
„Некои иматели не се совесни да го отстранат. Јас морам да кажам дека има и друга страна на приказната има и совесни граѓани коишто на пример, од улицата „Илинденска“ самите дојдоа да се запознаат која е законската постапка да ги отстранат своите склонопадни објекти“, вели Емилија Сларидис Јаневска, раководителка на Сектор за урбанизам- Општина Куманово.
Бројот на ваквите објекти во Куманово, велат, се менува речиси секој месец. Едни се отстрануваат, други се ставаат на листа. По носењето на одлуката, сопственикот има рок од 30 дена да го отстрани објектот.
Елена Геогргиевска
