Битиќи: Се справивме со предизвиците и го заштитивме стандардот на граѓаните
И во вакви околности преку социјален дијалог успеавме да ја зголемиме минималната плата, да создадеме долготраен модел за постојано усогласување на пензиите и стапивме во дијалог со синдикатите за усогласување на платите....

100 дена на новата Влада изминаа во тешки предизвици предизвикани од пандемијата и војната во Украина, предизвикувајќи економска криза во која не заборавивме никого, рече потпретседателот на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи.
И во вакви околности преку социјален дијалог успеавме да ја зголемиме минималната плата, да создадеме долготраен модел за постојано усогласување на пензиите и стапивме во дијалог со синдикатите за усогласување на платите.
Оваа влада донесе низа мерки за помош на граѓаните во енергетска и економска криза. И како партија и како влада остануваме посветени на курсот на подобрување на животниот стандард и во поддршката на работничките права и враќањето на регресот во општиот колективен договор, рече на прес конференцијата Битиќи.
Тој посочи дека го поддржува првомајскиот протест на работниците бидејќи тоа е нивно право за достигнување на достоинствено ниво на живот.
