Здравство

Почнува реновирањето на Ургентниот хирушки центар

30.04.2022 18:22

Викендов, реорганизација на амбулантите и обележување на патеките за движење пред почетокот на реновирањето на Ургентниот хируршки центар. Пациентите со итна патологија ќе се примаат во амбулантниот дел на Клиниката за трауматологија…

Почна реорганизација на амбулантите и активности за обележување на патеките за движење пред почетокот на реновирањето на Ургентниот хируршки центар. Во периодот што следува пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиниката за трауматологија, што времено ќе се адаптира во Ургентен центар.

Дежурни тимови ќе функционираат непречено во текот на целото деноноќие, но со помал обем. Пациентите кај кои е неопходна итна здравствена услуга, ќе бидат соодветно згрижени.

Во случај на зголемен број на пациенти за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар, предвидено е сите пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница “ 8-ми септември“, а пациентите од другите градови, соодветната здравствена услуга ќе ја добијат во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, вели директорот на Ургентниот центар, Александар Трајановски.

Целиот проект ќе чини шест милиони денари и планирано е да биде завршен за два месеци.

Александра Спировска