Еквадор

Вонредна состојба во делови на Еквадор поради пораст на криминалот

30.04.2022 19:35

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо прогласи 60-дневна вонредна состојба, вклучително и полициски час во некои области и распоредување на илјадници безбедносни сили во три од 24-те провинции во земјата, поради пораст на стапката на криминал...

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо прогласи 60-дневна вонредна состојба, вклучително и полициски час во некои области и распоредување на илјадници безбедносни сили во три од 24-те провинции во земјата, поради пораст на стапката на криминал.

Околу 9.000 припадници на полицијата и војската ќе патролираат по улиците за време на вонредната состојба, додека на некои места полицискиот час ќе биде во сила од 23 до пет часот наутро.

Ласо вторпат прогласува вонредна состојба за да се спротивстави на зголеменото насилство од крајот на минатата година во Еквадор. За ситуацијата властите ги обвинуваат бандите кои шверцуваат дрога и земјата ја користат како транзитна точка за извоз на наркотици дрога во САД и во Европа.