Македонија

СДСМ набројува успеси, ВМРО-ДПМЕ бара избори

30.04.2022 20:01

Власта тврди дека се справува со предизиците и го заштитува стандардот на граѓаните. Најавува креирање национална развојна стратегија. Опозицијата не се согласува. Останува на понудата за тимови за соработка и на барањето за предвремени избори...

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и потпретседател на владејаќката СДСМ, вели- Владата во првите 100 дена од мандатот со пакетот антикризни мерки успешно се справува со економските последици од енергетската криза и војната во Украина. Според него значителна помош има и за стопанството и граѓаните и тоа пред сè со субвенционирање на цените на енергенсите, како и со намалување на даноците на прехранбените продукти, акцизите за горивата и маржите на трговците. Тој се осврна и на усогласувањето на платите според минималната плата, при што истакна дека тоа се прави преку дијалог и преговори, исто онака како што беше постигнат договор меѓу социјалните партнери за зголемување на минималецот.

„Постигнат е консензус за зголемување на минималната плата и договор за нивелирање на другите со минималната плата и дека првпат има системско решение, со методологија за зголемување на минималната плата и во иднина“, рече вицепремиерот Битиќи.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ единствен излез од економската и политичката  криза се брзи предвремени парламентарнио избори. Според нив, во едни такви услови, ВМРО-ДПМНЕ бара  лидерска средба со премиерот Ковачевски на која ќе му предложат четири тима од партијата кои треба да и помогнат на Владата за справување со економските последици, а истовремено да се договори соодветен датум за предвремени  избори за законодавниот дом.

„Во услови кога владата најавува најголемо задолжување во историја на државата од 900 милиони евра, Битиќи требаше да објасни  како успеа долгот да порасне до неверојатни 60% од БДП, или над седум милијарди евра, а притоа во Македонија да нема никаква реализација на капитални инвестиции“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.     

Опозицијата упати критики и за состојбите во земјоделството, кои според нив се апсолутно катастрофални. Минатите две години имавме најлоши години во земјоделието, особено со откупот на грозјето и тутунот, како и со пласманот на рано градинарските производи, додадоа од најголемата опозициска партија.  

Игор Панов