Македонија Макс пред промоција

09.04.2014 13:04

Одбојкарките на Македонија Макс се пред пласман во финалето од разигрувањето за титулата во домашното првенство. Откако го совладаа тимот на Јанта волеј на гостински терен со 3-2 во првиот меѓусебен дуел, важат за големи фаворитки во својата сала да го повторат успехот и на тој начин со 2-0 во победи да ја минат полуфиналната фаза. Вториот натпревар од оваа низа е вечерва од 20 часот.

Прв финалист е екипата на Форца којашто со лесни 3-0 беше подобра од Работнички во двете пресметки. 